АктуелноЛокално

(Видео) Апасиев: Деловникот прекршен и злоупотребен – за шверц на 60 часовна работна недела

  • Процедурално обраќање на претседателот на #Левица Димитар Апасиев за шверцувањето на закони со европско знаменце

“Членот 136 од Деловникот вели, ако предлог-законот не е подготвен во согласност со Деловникот, претседателот на Собранието ќе побара од предлагачот усогласување.Доколку и после 15 дена предлагачот не изврши корекција тогаш предлогот воопшто не се смета како поднесен.

Членот 135 уредува што сѐ треба да содржи предлогот на закон, и во минатото вие за една точка и запирка сте ги враќале предлозите. Во овој случај покрај низа нерегуларности, вашата спикерска воља останува да биде извор на правото.

Во став 4 од овој член, се вели кога предлогот содржи одредби за усогласување со правото на Европската Унија се наведуваат податоци за изворниот акт на ЕУ со полн назив. Во овој случај не постои никакво усогласување со европската легислатива, кога станува збор за предлозите кои се наоѓаат пред Собранието.

Со предлогот на закон се поднесува и изјава за усогласеност и потпис на надлежениот министер, а не на заменик-министерот, како и јасно наведување на правниот акт на Унијата.

Сепак, такво усогласување нема како што нема да најдете каде пишува дека работниците треба да работат и 60 часа неделно како во 18-ти век.”