Германија се надева дека НР Кина може да помогне во прекин на конфликтот во Украина
За време на вчерашната прес-конференција во Берлин, која ја одржа заедно со својот кинески колега Чин Ганг, германската Министерка за надворешни работи Аналена Баербок изјави дека НР Кина може да одигра одлучувачка улога во завршувањето на војната во Украина, пишува „Гардијан“.
Аналена Баербок рече дека „НР Кина како постојана членка на Советот за безбедност на ООН може да влијае на конфликтот и да го доведе до крај“. Таа беше домаќин на кинескиот Министер за надворешни работи Чин Ганг, кој потоа отпатува за Франција и Норвешка.
Кинеската влада тврди дека е неутралност во конфликтот во Украина и се надева дека нејзиниот мировен план за посредување во војната ќе ја зацврсти таа позиција. Пекинг воедно ги блокираше напорите во Обединетите нации да ја осудат руската инвазија на Украина.
Кинескиот министер за надворешни работи, Чин Ганг, вели дека Кина нема да долева масло на огнот.
„Како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации и одговорна голема земја, НР Кина нема да го гледа огнот од другиот брег, ниту да долева масло на огнот“, изјави Кин за новинарите заедно со Баербок.