АктуелноЛокално

Волонтерни екологисти сами обележуваат планинска патека на планината Даутица

На 2 илјади метри надморска височина волонтери ги носат дрвените маркациски столбови за одбележување на планинарската патека од село Папрадиште до врвот Даутица, проект кој сами го финансираат…

Привршува маркацијата на патеки на планината Даутица, во регионот на Азот, општина Чашка. Волонтери и пријатели на ЕГ Грин Пауер, шест години работат на поставување на дрвени ориентациски маркациски столбови. Планинарската патека е од селото Папрадиште кон врвот Даутица. Претседателот на групацијата вели дека ова е ретка и убава приказна.

Досега се поставени над 70 столбови, 30 патокази и маркации за ноќно движење кон селото Горна Белица-Македонски Брод и селото Нежилово, кон Орешки манастир Св. Ѓорѓи, планинарски дом Чеплес, и кон врвот Даутица. Со ова планината станува безбедносно модерна планинарска инфраструктура.

Досега има одбележано 20 км. со столбови и 3 км со маркации за ноќно движење од планинската патека делницата Папрадиште – Горна Белица помеѓу две општини, Чашка и Македонски Брод. Одбележувањето на оваа патека е целосно од сопствени средства на членовите на ЕГ „Зелена сила“, без донации, грантови и финансиска помош од локалната власт на двете општини или државата.