Македонецот на Македонецот му е Македонец
- Пишува: Мери Георгиевска (Посветено на осумте индивидуи од ДПМНЕ, кои НЕ гласаа „За“ амнестија на уставобранителите)
Срам да ви е! Сè е грабеж и кражба, и месечината краде од сонцето… „Тимон Атињанин“ – Шекспир 8 х 8 х 8 х 8 х 8 х 8 х 8…. и отиде државата!!
Зар и вие осумина Салиери-евци? До сега се изнавидовме се и сешто, небањати, соросоиди, шарени, еднобојни, виножита, со точкици, сдсмовци, вмровци, сороспии, ороспии… Од сега имаме Салиери-евци! Или професионални опозиционери! Грешам што велам од сега. Имаме искуство и со други осумина кои гласаа за Преспанскиот договор. Тоа е новата раса која изникна од ВМРО-ДПМНЕ , пред само пар денови, кога го покажаа нивниот таканаречен индивидуалитет во вид на грабеж од нивното јас. Го ограбија нивното достоинство.
Осум пратеници НЕ гласаа за амнестија за 27 април?! Се прашувам како може едно јас да не може да направи добро на друго јас, а при тоа да не му го прекрати истото добро на некое трето јас, коешто можело да ја исползува истата добрина, доколку оваа не била сторена на она второто јас.
Замислете да направеа добрина на осудените за 27 април. Колку добрини ќе направеа?! Проста математика. Прво ќе си направеа добро себеси, на својата карма и нивните поколенија, а потоа на осудените, сопружниците, нивните дечиња кои еве веќе седум години ги гледаат по затворските ќелии, на родителите кои не знам како преживуваат…..
Ова што го направија овие осумина, без оглед дали некој не бил тука од оправдани причини или го болело нешто (зошто мојата класна, покојната Чадикова велеше и дома ќе те боли глава и на час, и од неа научив освен латински и многу за животот), нема оправдување, зошто седницата и дневниот ред се закажани однапред и ова претставува краен тероризам на убавината, вистината и достоинството.
Тука се работи за волна или неволна, присилена или продадена, постојана трансгресија на слободата и решетките.
Дури ни трите врвни категории убавината, вистината, и самата добрина претворена во достоинство не успева кај опозициската ДПМНЕ.
Со самото НЕ изгласување ја отворија вистината како пандорина кутија! Зошто, штом една вистина се открие, истовремено се откриваат најмалку две лаги. Дали ВМРО-ДПМНЕ сега откривајќи ја вистината, гласајќи против слободата, ја покриваат со јорган главата или нозете?!
А штом повеќемина се нагодат да ги поделат дивидентите на една нивна заедничка вистина, дури тогаш катастрофата ќе биде неизбежна: Во ВМРО-ДПМНЕ одамна се јавува едноумието!
И како такво, заедничката вистина станува ординарна лага, местенка, измама, ширење на злото од пандорината кутија и внатрепартиски недостаток од нити зрно надеж за иднината. Според тоа, јасно е дека стремежите на овие осум индивидуи, кои по пат на логиката можат да станат уште осум, па уште осум, се апсолутно неморални, и НЕ САКААТ ДА ЗНААТ ЗА КАКВО И ДА Е МИЛОСРДИЕ КОН ДРУГИОТ!!!!!
Оваа аморалност мене ми личи како пепел. Тие сега ни продаваат извесна варијанта дека ќе го запалат огнот од пепелот. Не ВМРО-ДПМНЕ! Би било премногу смешно, да не е страшно тажно што верувате дека оган може да се запали од пепел. Огнот доаѓа пред пепелот. Не ни помислувајте дека после овој грозен, нестварен и несварлив потег, Македонецот ќе гласа било кога за вас.
Освен ако не го уплашите добро. Но Македонецот не ви се плаши повеќе. После овој очајнички потег на новите осумина не! Не се плаши. Зошто знае дека ќе има и други осумина кај и да е.
Дел од оние кои гласаа против, а кои никогаш нема Македонија да ги заборави, се обидоа да ја изрелативизираат вистината, зошто вистината стана сечија, во немање на правда и имање на некакво квази Собрание.
И никогаш да не ги заборави Македонскиот народ. Тие беа:
- Александар Николовски ВМРО-ДПМНЕ – Зарем и ти сине Бруте?
- Ели Панова – ВМРО-ДПМНЕ
- Иванка Василевска -ВМРО-ДПМНЕ
- Мирче Аџиоски – ВМРО-ДПМНЕ
- Никола Мицевски – ВМРО-ДПМНЕ
- Олга Лозановска – ВМРО-ДПМНЕ
- Силвана Ангелевска – ВМРО-ДПМНЕ
- Иван Стоилковиќ – ДПСМ
Нека пукнат оние во затворите кои што ги сонуваат дечињата и идеалите, хм? Така си помисливте кога заокруживте „ПРОТИВ“?? Спиете ко топ. Не се сомневам. Туку јас ќе морам да тркнам на бајачка да видам што ви значи бројот 8. Се вратив. Значело кеш. Ај чао!