АктуелноЛокално

(Фото) Левица: Тотален распад на сообраќајната инфраструктура во руралните области

  • Реакција на Левица ЛО – Свети Николе

Руинирани мостови со срушени огради, отворени шахти, разурната патна сигнализација, дупки на секој метар, целосно отсуство на пешачка зона, се само приказ на реалната слика од децениската системска негрижа за сообраќајната инфраструктура, особено во руралните области на Општина Свети Николе!

Оваа системска негрижа на владејачките елити, секојдневно и непрекинато ја загрозува безбедноста во сообраќајот на секој жител кој живее во некое од светиниколските села. Овие места имаат стандард на инфраструктура под секое човечко достоинство!

Возачите се жалат како на лоша сигнализација, така и на настанати штети на нивните возила поради урнисаната патна инфраструктура, кои секако мораат да ги надоместат од сопствен џеп.

Неодговорноста на властите ја потврдува последниот „обид“ за одржување на локалните патишта, каде при чистење на тревата околу патот е оштетена патната сигнализација и срушени се голем број столбови. Ги повикуваме надлежните институции на брза реакција на критичните точки пред да се случи било каква трагедија и одговорност, како за запуштањето на сообраќајната инфраструктура во пропаст, така и за нанесената штета!