АктуелноИнтернационалноСтав

Ние, Другите, што не сме доволно бели

Пишува: Антре Влтчек – филозоф, писател и филмаџија

Отсекогаш сме биле проучувани, анализирани и опишувани од оние самоуверени пискарала и репортери кои доаѓаат главно од Обединетото кралство и Северна Америка. Тие најдобро знаат кои сме ние и кон кој тип на политички системи и култура треба да стремиме. Од нас, Другите, се очекува да замолчиме и да слушаме, да научиме кои сме од господарите на универзумот.

Бели дечки од Европа и Северна Америка отсекогаш ни кажувале што да мислиме и што е вистина. Бевме уверувани дека тие знаат сè, дека се најквалификувани. Кога пишувам „бели“, не мислам само на раса или боја на кожата. За мене „бело“ е културолошка категорија, своевиден западен самоидентитет.

Ние Русите, Кубанците, Венецуелците, Кинезите, Иранците, Турците…. не сме навистина „бели“, дури и ако бојата на кожата ни е таква, ниту пак се обидуваме да бидеме бели. Ние имаме свој начин на живеење и размислување, а повеќето од нас се на страната на угнетените; интуитивно ја фаќаме страната на оние „презрени и гладни“. Со векови нашите народи биле ограбувани и напаѓани. Милиони наши луѓе исчезнаа за време на инвазии и геноциди, не многу различни од оние во Африка и другите делови на „небелиот“ свет.

Отсекогаш сме биле проучувани, анализирани и опишувани од оние самоуверени пискарала и репортери кои доаѓаат главно од Обединетото кралство и Северна Америка. Тие најдобро знаат кои сме ние и кон кој тип на политички системи и култура треба да стремиме. Овие луѓе знаат да зборуваат. Нивните акценти се толку совршени, толку „научни“. Ако кажат нешто, тоа мора да е чиста вистинита, затоа што се квалификувани, со векови владеат со светот.

Од нас, Другите, се очекува да замолчиме и да слушаме, да научиме кои сме од господарите на универзумот. Во нивните очи ние сме никој и ништо, само малку повеќе од животни од кои се очекува да слушаат, да примаат наредби и да служат. Од нас се очекува послушно да измаршираме во колеж кога тоа ќе се бара од нас.

Белите владетели на светот навистина веруваат дека знаат повеќе за нас отколку што знаеме ние за нашите сопствени луѓе и земји. И не дај Боже некој од нас „небелите“ да се осмели јавно да изрази негативно мислење за Европа, Северна Америка или Австралија! Иако мислењата на не-белите и онака се игнорираат, сепак не ни е дозволено да му судиме на Западот. Треба да седиме учтиво, покорно, да слушаме и да фаќаме белешки.

Дали некогаш сте виделе Кинез да се појавува во британско или американско телевизиско шоу кое нуди комунистички анализи на Западот? Дали сте виделе ирански социјалист или венецуелски Чависта да го критикува британскиот или канадскиот капитализам? Незамисливо, нели? Искрено, и во таканаречените независни или „прогресивни“ медиуми во САД или Канада, ситуацијата во основа е иста, со некои ретки, многу ретки исклучоци.

Белите, главно англосаксонски мажи „знаат најдобро“: било да се тоа неодамнешните антирасистички протести во САД или потеклото на ковид-19. Дури и ако она што го знаат е едно огромни ништо, тие сепак се сметаат за најдобро информирани и најквалификувани „експерти“, бидејќи имаат соодветни имиња, изглед и изговор. Затоа што се бели, одгледувани на одреден начин и способни да лажат на прифатлив начин.

Пред неколку часа, гледав дијалог меѓу двајца „експерти“ пренесуван од „независен“ медиум од САД. Разговараа за ковид. Она што беше особено впечатливо беше ароганцијата: „ние знаеме сè, а вие ништо“, мали саркастични насмевки; двајцата мажи јасно демонстрираа дегенерирана надменост кон светот. Во 40-те минути во кои зборуваа, немаше ниедна референца на кинеските успеси против болеста, не се спомна ни Виетнам ни Куба. Се работеше за нив, за нивниот свет, а дефинитивно не за објективната вистина.

Истиот тој медиум мене ме исфрли и престана да ги објавува моите есеи веднаш откако нашите мислења почнаа да се разликуваат за важни теми како што се немирите во САД, ковид, Кина…. Кога престанав да се однесувам во согласност со белите верувања и вредности, бев во аут. Не е мое да зборувам за Запад во овој клучен историски момент. На крајот на краиштата, јас сум само некој од оние Руси, Кинези….

На Другите им е дозволено да ги критикуваат своите земји. Дозволено им е да ги блатат своите сограѓани, но никогаш, никогаш, не се толерираат како критичари на Западот и неговите владетели.

Ним исто така не им е дозволено да донесуваат важни интелектуални судови: Запад смета дека не е на Кинезите да решат дали нивната земја ќе биде комунистичка или не. Вакви одлуки за нив се носат во Монтреал и Лондон. Ништо не значи тоа што Кина има една од најстарите и најголеми култури на Земјата. Дали Иран ќе биде социјалистичка земја се одлучува во Париз или Њујорк, а не во Техеран. Од сите големи незападни нации се очекува да се осознаат себе си преку некои британски, швајцарски, канадски делетанти, чија единствена препорака е што се бели и што се од Запад.

Еднаш, еден таксист во Техеран ми се пожали:

„Белите западњаци доаѓаат во мојата земја за прв пат. Не знаат ништо за Иран, но после 5 минути возење,  почнуваат да ми држат предавања за мојот народ“.

На белите западњаци им е дозволено да критикуваат што сакаат. Не е важно колку или колку малку знаат за тоа. Главно не знаат ништо, апсолутно ништо, ама тоа не менува ништо. Честопати, успеваат да влезат во важни медиуми и универзитети во независни земји и да ги учат револуционерите за сопствената револуција. Смешно? Бизарно? Да, но тоа се случува.

Западот, интелектуално и морално збунет и корумпиран, не може да размислува рационално, темелно му е испран мозокот. Тоа важи и за пишувачите и за читателите. Тој не може да живее без „познати лица“, без познати линии на размислување. И покрај збунетоста, тој инсистира да зборува. Бара да биде слушан. Западот верува дека е нема што да научи од другите. Знае само да диктира, да проповеда, но тоа што го кажува не е ништо повеќе од неразбирливо, расистичко, фантазмагорично, ирационално ѓубре.

Време е мнозинството западни говорници да замолчат, да почнат да слушаат. Идеално би било и некои да одговараат за своите постапки.

Како што и самиот тон на моево обраќање сугерира, преку глава ми е.  Работам низ целиот свет и затоа имам некаква основа за споредба. Јасно ми е дека повеќето од белите западњаци ја изгубиле својата креативна предност. Нивните мислители, писатели и филмаџии главно произведуваат ѓубре. Со некои исклучоци, истото може да се каже и за академската средина и за истражувачкото новинарство. Руските, кинеските и венецуелските новинари можат да го видат колапсот на западните општества многу појасно од самите Западњаци. Тие се, генерално, многу поквалификувани, пообразовани и поспособни да ја опишуваат реалноста и објективно да критикуваат. На Запад, нивото на незнаење е навистина импресивно. 

Светот очајно треба да ги слушне Другите. А Другите треба да се инволвираат, да бидат свои, да ги спречат белите западни дечки да убиваат милиони и милиони невини луѓе во сите краишта на светот, како што тоа без прекин го прават веќе неколку века. Другите треба да изградат нови концепти, нови идеологии и нови морални принципи.

  • Текстот е превземен од off.net.mk