Вандализирана бистата на Никола Јонков Вапцаров во Делчево

Како резултат на вандалски чин вчера настрада споменикот на големиот македонски Никола Јонков Вапцаров кој е патрон на Центарот за култура во Делчево. Од Општината го осудија вандалскиот чин, велејки дека ова е резултат на несовесно однесување на пијана група на млади во Делчево, чии испади резултираат со вандализам и уништување на опрема.

„Упатуваме осудува за овој чин на вандализам кој ги преминува сите граници на несовесно однесување, истакнаа од Општина Делчево, додавајки дека споменикот на културниот деец веднаш е вратен во првобитната состојба.“

Претходно во Делчево беше украден и дел од оградата на новиот пешчаки мост ,,Гоце Делчев” во центарот на градот.

Никола Јонков Вапцаров (Банско, 7 декември 1909 — Софија, 23 јули 1942) — македонски писател, комунист, роден во Банско, Пиринска Македонија (денес Бугарија). Вапцаров посмртно е добитник на почесната Меѓународна награда за мир, во 1952 година.

Поради членството во Бугарската комунистичка партија, Вапцаров паднал во немилост на профашистичите реакционерни сили во Бугарија. Најпрвин, во 1933 година, тој бил тепан од страна на функционери на ВМРО поради неговите политички дејствувања. Според сведоштвото на Георги Караславов искажано во „Средби и разговори со Никола Вапцаров“ (Софија, 1961), припадниците на ВМРО на Иван Михајлов извршиле неуспешен атентат врз Вапцаров на патот меѓу Горна Џумаја и Бараково, кога „непознати“ лица пукале во Вапцаров, но не успеале да го погодат.

Како соработник на воената организација на Бугарската комунистичка партија, на 4 март 1942 година, Вапцаров бил уапсен, заедно со Атанас Романов и Антон Попов, по што бил подложен на измачување од полицијата во текот на четири месеци. Заедно со поголема група антифашисти, во судскиот процес против ЦК БРП, Вапцаров бил осуден на смртна казна, без право на жалба.