АктуелноИнтернационално

Портпаролот на кинеското МНР Ванг Венбин: САД не се во позиција да поставуваат услови!

За време на редовната прес-конференција преку портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, одговори на „предупредувањата“ од страна на американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, кој во саботата го предупреди највисокиот кинески дипломат, директорот на Канцеларијата за надворешни работи на Комунистичката партија на Народна Република Кина, Ванг Ји, за последиците од обезбедувањето материјална поддршка за руската инвазија на Украина.

Ванг беше директен и на регуларната прес-конференција вчера изјави дека „САД не се во позиција да поставуваат било какви барања од Кина“.

Претходно, по препукувањето во врска со соборувањето на балони над Соединетите Држави, првиот човек на Н.Р.Кина, Ванг Ји, ги обвини Соединетите држави за кршење на меѓународните норми со „хистерично“ однесување. Ванг им предложи и на европските земји „смирено да размислуваат“ за тоа како да ја завршат војната и рече дека Пекинг ќе го изнесе „кинескиот став за политичко решавање на украинската криза“.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја потврди планираната посета на Ванг на Москва, но не даде датум за патувањето.