Пропустите на власта во користењето на европските фондови и отсуството на правна рамка
Пишува: Марјан Димитриев – член на Секторот за финансии при Левица.
Целта на инструментот Инвестициска рамка на Западен Балкан (WBIF) ИПА II (2014-2020) и ИПА III (2021-2027) е зголемување на капацитетот на регионот на Западен Балкан за финансирање на клучните инфраструктурни и приоритетни инвестиции.
Европската Унија доделува средства за кофинансирање на инфраструктурини проекти за техничка помош и инвестициски грантови со објавување на повици за аплицирање. Според податоците добиени од Секретаријатот за европски прашања (СЕП), а објавени на веб страницата на WBIF, со овој инструмент во Македонија финансирани се проекти од вкупна вредност 2,6 милијарди евра, за кои одобрени се 43 грантови во вредност од 421 милиони евра (392 милиони за инвестициски грантови и 29 милиони евра за техничка помош).
Со ревизијата е заклучено дека системот за користење и добивање на WIBF не е соодветно дизајниран поради отсуство на целосна правна и институционална рамка за формирање на Единствена листа на проекти (ЕЛП), немање јасни надлежности на органите и телата на ЕЛП согласно методологијата дефинирана од страна на WBIF, како и отсуство на пропишана постапка за апликација со поединечни проекти.
Ваквата состојба доведе до формирање на единствена листа на проекти (ЕЛП) како список на голем број на проекти (вкупен број од 163) без јасна приоритизација, категоризација и рангирање на проекти, кое требаше и треба да биде услов за апликација и доведе до ситуација да аплицираме за проекти кои не се стратешки најважни и да бидат одбиени. Ова одбивање влијае на ефикасноста на искористување на средствата преку WBIF и дополнително предизвика губење на грант средства поради слабата динамика на имплементација.
Во насока на транспарентност и видливост на Инструментот, недостасува јавно објавување на клучни информации поврзани со ЕУ и Национална регулатива, проценти за кофинансирање на поединечни проекти, насоки за аплицирање и одобрување на апликација, услови од секој повик, обрасци за идентификација и стратешка важност на проектите и друга документација поврзана со процесот на добивање средства преку WBIF.Македонија е земја со најмалку поддржани проекти, единствено помалку од нас има Црна Гора. Во прилог табела со останатите земји.
Од аспект на динамика на имплементација на проекти за кои е одобрен инвестициски грант, добиени се инвестициски грантови за 12 проекти во вредност од 384 милиони евра кои се во тек на имплементација. Три (3) проекти за кои се одобрени инвестициски грантови се целосно стопирани, додека четири (4) се во фаза на застој и доколку не се заврши проектот во предвидениот рок, постои ризик од губење на грантот или создавање обврски за враќање на грантот. Доделени инвестициски грантови кои се во тек:
Со ревизијата за „Задолжување на субјектите од јавниот сектор и степенот на искористеност на кредитите и заемите“ утврдено е дека во процесот на планирање на проектите ОТСУСТВУВА: национално долгорочно стратешко планирање на јавните инвестиции, методологија за селекција на проекти, критериуми за избор на проекти и планирање на средства во буџетот во буџетските програми со што утврдени се ризици за губење на грант средства. Па оттука, се поставува прашањето:
1.Зошто проектот за фотоволаични централа Осломеј III во вредност од 90 милиони евра е додаден на ЕЛП (единствена листа на проекти) во 2020 година, а во 2022 ЕЛП е ревидирана и овој проект е избришан без објаснување со што пропуштаме можност за грант од 27 милиони евра за овој проект?
2.Во однос на железничката инфраструктура и проектот за источниот дел на коридор VIII, фаза 2 и 3, утврдено е ризик од губење на грант средства во износ од 130 милиони евра поради слабости во планирањето и имплементацијата и застој на проектот.
Зошто за проектот за изградба на автопатска делница Букојчани – Кичево за кој е одобрен грант во висина од 20.2 милиони евра сеуште немаме потпишано договор? Според месечните мониторинг извештаи, проектот е во сериозно одложување поради промена на траса.
Зошто за проектот автопатска делница Блаце – Скопје (клучка Стенковец) не е потпишан договор за грант иако во декември 2019 е одобрен грант во износ од 26 милиони евра?
3.Зошто за проектот за пречистителна станица Скопје во вредност од 70 милиони евра кој е во тек на постапка на тендерирање и избор на изведувач за кој се потпишани и договори за заем со ЕБОР и ЕИБ нема потпишано договор за грант а известувањето за добивање на грантот е од јули 2022?
Со последниот повик од 2022 година, Македонија е поддржана за четири инвестициски проекти и тоа:
-Изградба на источен коридор VIII трета фаза во износ од 155 милиони евра;
-Пречистителна станица Скопје во износ од 70 милиони еур;
– Изградба на фотоволтаични централи Осломеј I и Осломеј II во Битола во износ од 6,7 милиони еур. Иако со овој повик одобрени се значајни средства за РМ, ревизијата заклучува дека системот не е подготвен за апсорпција на овие средства за кофинансирање на проекти предвидени во Економскиот инвестициски план за Западен Балкан во ИПА III програмскиот период (2021-2027).