Израелските окупациски сили уапсиле над 7000 Палестинци во 2022 година
Израелските окупациски сили вкупно приведоа околу 7.000 Палестинци во 2022 година, што придонесе минатата година да биде со најмногу апсења на Палестинците што живеат под окупација уште од 2005 година.
Според извештајот на Палестинскиот центар за студии на затвореници (ПЦСЗ)– коавтор на Комисијата за прашања на затворениците и поранешните затвореници, Здружението на палестинските затвореници, Здружението Адамер за грижа за затворениците и човековите права и Центарот Вади Хилве – Палестинците приведени од Израел минатата година вклучуваат стотици жени и малолетници, како и зголемување на т.н. административните притвори.
Најмалку 164 од уапсените се жени, а 865 биле на деца, од кои 142 биле на возраст под 12 години, додека дел од нив биле на возраст помалку од девет години.
Казните наметнати на малолетници од израелските судови изнесуваат околу 140.000 долари, се вели во извештајот. Според директорот на ПЦСЗ, Ријад Ал-Ашкар, сите приведени биле предмет на злоупотреба, тортура или понижување.
Израелските власти, исто така, ја зголемуваат својата акција против Палестинците кои јавно ќе искажат мислење на интернет и на социјалните медиуми, особено на Фејсбук, при што 410 Палестинци се приведени врз основа на нивната онлајн активност поради „поттикнување против окупацијата“.
Вкупно 2.409 Палестинци беа приведени минатата година во име на озлогласената израелска политика на „административен притвор“, – без никакво судење или обвинение, додека на притворените честопати им се обновуваше притворот на неодредено време.
Градот Ерусалим, во 2022 година забележа најголем број апсења, таму беа приведени околу 3.000 Палестинци од страна на израелските окупаторски сили.