Мојсоска: Зошто ЕУ после триесетгодишно едноумие повеќе не е „ин‘‘
- Објава на Јована Мојсоска – Генерален секретар на Политичката партија Левица
Расистичките изјави на Борел ја разобличуваат целата импотенција, килавост, препотентност и ароганција на ЕУ во изумирање, која заглавена во „славата од 90-тите”, не може да се справи со предизвикот на Новиот мултиполарен свет!
Со падот на Советскиот блок и воспоставувањето на западниот хегемон, европските бирократи поверуваа во смешната премиса за крајот на историјата на Фукујама и во својата комфор зона, беа убедени дека конечно тн Трет свет е потчинет под бранот на неолибералниот капитализам и доминацијата на странскиот капитал.
Бидејќи Борел потекнува од Шпанија, пред да мудрува какви простаци се Балканците, нека погледне во својот двор и нека се соочи со сите брутални и нецивилизирирани ужаси на шпанските колонизатори.
Зарем Борел толку ја потценува интелигенцијата на неевропските народи – па да не беше бруталната експлоатација на овие народи, ЕУ немаше да го има богатството и престижот кој го има денес!
Во прилог само мало сведоштво на шпанскиот свештеник од 15-ти век, Бартоломеј де Лас Касас:
,,Шпанците влегоа во градовите и селата, не штедејќи ги ниту децата, ниту старите и жените. Им ги кинеа стомаците и ги сечеа на парчиња, како да колат јагниња на нива. Се обложуваа меѓу себе кој ќе набие меч точно во средината или кој може да ја отсече главата само со еден удар. Ги фаќаа децата за пети и им ги здробуваа главите од карпите.
Еднаш видов четири или пет истакнати домородни благородници како ги печат и варат на импровизирани скари. Тие лелекаа и плачеа гласно. Лелекањето го вознемири нашиот капетан што не можеше да спие, па тој заповеда да ги задават за да ги завршат нивните маки.
Едно време, Индијанците дојдоа да нѐ пречекаат со храна и добро расположение! Наместо тоа, ѓаволот, кој беше во Шпанците, ги стави сите на меч во мое присуство, без никаква причина, повеќе од три илјади души.
Видов таму толку големи суровости, што никогаш ниту еден жив човек не видел, ниту ќе види нешто слично.”
Затоа ЕУ ја губи својата привлечност – затоа што Третиот свет многу добро ги ЗНАЕ и ПАМТИ злоделата и бруталноста на Европа!