Повторно нападнат Советник на Левица овој пат во Велес
- Соопштение на Игор Смилев – член на Советот во Општина Велес при политичката партија Левица
Денес (среда, 14 декември) пред почетокот на 27-та седница на советот на Општина Велес се случи тежок вербален инцидент помеѓу мене и советникот од ДУИ испровоциран од мој ФБ статус објавен пред два дена во кој пишувам меѓу другото дека ДУИ е корумпирана партија. (види подолу)
Тој ми го упати „последното предупредување„ и ми ЗАБРАНИ во иднина да го користам името ДУИ.
Дојде до сериозен конфликт во кој фалеа секунди да прерасне во физичка пресметка.
Нашиот жесток дуел немо го набљудуваа неколку присутни советници од ДПМНЕ и претседателот на Советот на Општина Велес, кој дури на крајот, откако ситуацијата беше пред сериозна ескaлација САМО ИЗУСТИ една просто проширена реченица.
Ова е мојот одговор на колегата советник од ДУИ :
ДУИ, ДУИ, ДУИ, ДУИ, ДУИ , ДУИ…..КОРУМПИРАНА……ДУИ , ДУИ, ДУИ, ДУИ, ДУИ…….КОРУМПИРАНА……ДУИ , ДУИ , ДУИ ДУИ…КОРУМПИРАНА….ДУИ ДУИ ДУИ !!!
П.С. Ова е „инкриминирачкиот „ мој статус на ФБ кој предизвика вакви тектонски пореметувања :
„Дали Мицкоски по вчерашната посета на Велес, знае дека ДПМНЕ на локално ниво е во коалиција со криминалната ДУИ која според официјалните нивни партиски соопштенија веќе 20 години е генератор на корупцијата во Македонија?„