АктуелноЛокалноСтав

Андовска: Не знам што сте, ама луѓе не сте, ако не ве боли душа за Македонија

  • Фејсбук статус на Дарија Андовска – Деканка на Факултетот за музичка уметност при УКИМ.

Добро, не ве боли?
Не ве боли да ве прават будали при здрав разум?
Не ве боли да ве крадат при отворени очи?
Да ве лажат бесрамно со смешни изговори?
Не ве боли да се будите во ѓубре и да заспивате во кошмари?
Не ве боли урнисувањето на сегашноста?
Не ве боли уринирањето врз минатото?
Не ве болат сите изгубени животи за ова парче земја?
Не ве болат сите младости посветени на изградба на тоа што овие кретени не можат ни да го одржат?
Не ве боли сета беда и човечка трагедија во кои нè втурнаа?
Не ве боли што децата ги оставате неписмени за да се бутнат во партија?
Не ве боли што децата писмени си заминуваат за навек?
Не ве болат вашите најблиски кои сте ги изгубиле во лавиринтите на колабираното здравство?
Не ве боли немоќта на обичниот човек да си дозволи софра бар за празник?
Не ве боли раскошот на природна убавина исцрпен и претрупан во отпад?
Не ве боли моќта на историските споменици, запустени и запуштени?
Не ве болат сите археолошки наоѓалишта неоткриени и неископани до крај?
Не ве боли тоа колку многу имаме и колку многу е уништено за лични лукративни и краткотрајни интереси на неспособни идиоти, ама способни дупеувлакачи?
Не ве боли манипулацијата од пазарџиите?
Не ве боли молкот на квазиинтелектуалата и децата на црвената буржоазија, повторно за лични лукративни и краткотрајни интереси?
Не ве боли септичката рана и јама во која живееме, а за која малку треба да биде најубавото место на светот?
Не ве боли заедничкиот дом?
Да, ве боли. Ве боли уво.
Не знам што сте, ама луѓе не сте, ако не ве боли душа за Македонија.