Став

Пасивноста и соучесништвото на ВМРО-ДПМНЕ

Во целост ви го пренесуваме ставот на Димитар Апасиев преземен од неговиот профил.

 

Пасивноста и соучесништвото на ВМРО-ДПМНЕ околу промената на уставното име се должи на демохристијанска, поточно ГЕРМАНСКА ДИРЕКТИВА.

Оние кои го следиме спорот од поодамна, знаеме дека „Северна Македонија“ е званичен германски предлог од тогашниот нивен шеф на дипломатијата Клаус Кинкел (1994). А, Германците се упорни момци. 😉

Индикативно е и тоа што нашиот Министер за надворешни работи – Димитров (кој, btw, има десничарско вмровско минато поише и од годините живот на некои актуелни членови на новиот Извршен комитет на таа партија), само ден по потпишувањето на т.н. Преспански договор – од 190 држави у свет – отиде баш у посета на Германија. 😉

Партијата на Меркел, преку нејзините политички фондации, е еден од најголемите донатори на пари за политичка едукација на вмровската омладина! Затоа, сите довчерашни вмровски „експерти“ и перачи на мозоци, сега ретерираат од единствената победничка опција – а тоа е БОЈКОТ на референдумот, и одат кон тоа да се гласа „против“!?

Но, чесно е да си кажеме дека секој глас „против“ е глас „за“! Ова ќе биде втората стратешка грешка на ДПМНЕ (првата беше кога Грујо не го послуша Љубчо и му обезбеди цензус на Бранко да стане претседател на РМ). Но, воедно оваа ќе им биде и последна – оти и они, слично како и комуњариве, ќе завршат на буништето на историјата – запаметени по тоа што прв пат во историјата на човештвото еден народ, кој преку вооружена народноослободителна и антифашистичка војна успеал да стигне до своја државност, се самоукинал себеси.

Али, од партија на чие претходно раководство му висат децениски затворски казни за корупција и криминал – толку и може да се очекуе.
Повеќе среќа у следна историска прилика… Со некој нов Букурешки, поточно „Дојрански договор“.