Две третини од младите сакаат да се иселат од Македонија, многу малку од нив би се вратиле назад
Населението во државата старее, а две третини од младите сакаат да ја напуштат Македонија, најголем дел од нив изјавиле дека не би се вратиле повторно да живеат овде. Последна од низата вакви потврди е истражувањето на „Вестминстер“.
Националната стратегија за млади 2023-2027 година, чија изработка е започната, ќе биде спречувањето на иселувањето на младите од земјава, но се поставува прашањето што таа може да смени, ако и претходните вакви стратегии имаа слична цел, но минимално спроведување во пракса.
Резултатите од последниот попис, кој имаше за цел да ги напумпа бројките и да го прикрие иселувањето од Македонија, и при такво спроведување статистика покажа дека само 17,8 од населението се млади, што е за 150 илјади млади помалку од 2002 година.
Во последниот извештај на Европската Унија се нагласува дека стапката на невработеност кај младите и понатаму е висока, и изнесува над 30%. Според истражувањата, ова е една од главните причини зошто младите одлучуваат да ја напуштат земјата.