АктуелноЛокално

Aпасиев: Македонија е создадена од работниците кои го препознале духот на времето

Во вчерашното интервју, Пратеникот Апасиев ја искоментира политиката која ја води СДСМ кон странските претставници, нарекувајчи ја сервилна и вазалска.

Видете го односот на СДС кон плебсот македонски, кон народот колку е потценувачки: небањати, вакви, такви, а видете го односот на СДС кон странските дипломати. Тие, со извинение на израз, се одмочуваат кога ќе дојде некој странски дипломат. Сервилен однос, вазалски однос, никаков однос!

Лидерот на Левица вели дека СДСМ и ДУИ водат политика во која го потценуваат сопствениот народ, додека им се додворуваат на амбасадорите.

Сега имате такви едни биполарни личности кои својот народ си го потценуваат, а кон странците сѐ е на изволте, дури и државата е на изволте. При такви се раѓа една нова генерација. Ние сме генарација ако сакаме сликовито како во време на Тито кога препознал дека во тоа време комунизмот и пролетеријатот се државотворни. Оти историски македонските богати луѓе или чорбаџиите или боржоазијата, како што ние ја викаме никогаш не била државотворна.

Апасиев вели дека Македонија е држава создадена од работниците, левичари и комунисти, кои го препознале духот на времето, а не чорбаџии и елита.

Оваа држава ја направија работниците, работниот народ. Значи, оваа држава е создадена од левичари и комунисти. И тие тогаш, кога сите граделе монархии, рекле ние ќе градиме социјалистичка република. И, изградиле, ја направиле. Тие што направиле, ние не можеме да го искречиме. Значи го препознале духот на времето. Сега она што се случува ние не го препознаваме, т.е Левица го препознава, туку овие Бујаровци и компанија не го препознаваат. Имате еден концепт на западнизам кој пропаѓа. Тоа е како Византија кога пропаѓала, Османлиите ја освојуваат, нова сила се појавува и вие сега да се колнете во Рим.

На крајот од излагањето тој констатираше, дека доаѓа време на мултиполарен свет, каде како мала земја мораме да соработуваме со сите „големи играчи“.

Не постои тоа што го знаевме ние до вчера, се раѓаат нови сили. Или ги фаќате струите или не ги фаќате. Нашиот момент е, ние како Левица викаме дека мала држава не може да опстои без стратешко партнерство со трите големи сили: САД, Русија и Кина. Тоа ли е грешна политика? – тоа е титовистичка политика.