АктуелноЛокално

Левица: Николовски без ефективен одговор против африканската чума

  • Реакција на Левица – Земјоделски сектор

Африканската свинска чума зема замав во источна Македонија, а министерот за земјоделство Љупчо Николовски, како и Агенцијата за храна и ветеринарство без конкретен одговор.

После Делчево и Кочани, сега и Берово е под закана за проширување на болеста кај свињите. На 20 септември ќе има испитување кај одгледувачите на свињи во Берово, при што ќе се утврди дали болеста се проширила и во овој крај.

Локалните одгледувачи на свињи се РЕВОЛТИРАНИ од недоволната информираност и слабите мерки за заштита и справување со болеста, кои се превземаат од страна на МЗШВ и АХВ.

Иако од 1-ви септември е отворена ловната сезона со цел масовна депопулација на дивите свињи, досега отстрелот оди многу бавно и за две недели се отстрелани само 86 диви свињи.

МЗШВ нема мониторинг на дивата популација на свињи, за кои се проценува дека се околу 150.000 единки низ целата држава, и со вакво темпо на депопулација ќе бидат потребни години додека нивниот број се намали на 50%.
Депопулацијата околу големите фарми се одвива со споро темпо заради капацитетите на кланиците во Берово и Делчево.

Земјоделски сектор при политичката партија Левица во координација со одгледувачите на свињи предлага министерот Николовски:

– Да прогласи вонредна и КРИЗНА состојба со чумата, при што државата ќе одвои поголеми средства за да се спаси свињарството;

– Во отстрелот на диви свињи да се вклучат армијата и полицијата (по примерот на Белгија, Чешка и Данска) за да час поскоро се намали пулсирањето на вирусот и неговата преносливост се сведе на минимум.

– Да се направи категоризација на мини фармите со биосигурносни мерки, бидејќи праксата покажува дека секаде каде што се појави позитивен случај е во фарми до 10,15, 20 маторици.