АктуелноЛокално

ЈО: Пиштолот со кој пиштолџијата пукаше кон протестирачите не е пиштол

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 6 јули, кога толпата учесници на јавен собир се приближиле кон плоштадот „Скендербег“ во Скопје, осомничениот бил дел од група граѓани на плоштадот кои влегле во расправија и меѓусебно фрлање со предмети со учесниците на протестот. Во тој момент, осомничениот извадил пиштол за светлосно-звучна сигнализација марка „EKOL Arаs Magnum” и испукал еден куршум во воздух.

Со вештачење утврдиле дека станува збор за пиштол во кој внатрешноста на цевката е изведена со препрека, со што се оневозможува истрелување на проектил од огнострелна муниција. Согласно ова, Јавното обвинителство утврдило дека пиштолот со кој човекот кој важи за близок на ДУИ пукаше кон толпата не претставува огнено оружје.