Ние сме робови законски, како последица на предавството на нашите законодавци
- Извадок од L’Ami du Peuple, – Жан-Пол Мара, јули 1792
Да не се плашиме да го повториме следното: ние сме далеку од слободата од кога било порано. Не само поради тоа што ние сме робови, туку ние сме робови законски, како последица на предавството на нашите законодавци, кои станаа соучесници на рехабилитираниот деспотизам.
Целите на револуцијата беа промашени целосно. Откако се изведе револуцијата против деспотизмот, беше неопходно да се почне со отстранување на деспотот и неговите агенти од сите функции преку доверување на власта на претставниците на народот, преку декрет дека би имало период кога владата би била одложена за цело време додека уставот не биде донесен. Еднаш завршен, би бил презентиран на принцот кој би бил отстранет од трон ако одбие да положи заклетва за потчинетост на новите закони и на верност кон нацијата.
Ништо немаше да биде полесно за претставниците на народот на следниот ден после преземањето на Бастиља. Но, за тоа беше нужно тие да имаат цели и карактер.
Сега, далеку од тоа да се државници, тие скоро сите се само итри измамници кои се продаваат, расипани сплеткари кои се фалат со својата лажна граѓанска свест за да бидат купени со повисока цена.“