Продолжуваат протестите против бугаризација на Македонија
Денес продолжуваме помасовно и побројно против отворената бугаризација и асимилација. Да се обединиме под македонското знаме. Повикуваме секое семејство на својот балкон или прозорец да го развиори македонското знаме, велат од „Ултиматум, НЕ благодарам“.
Денес продолжуваме со протестен марш. Во 19 часот пред Влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека Уставот не е тоалетна хартија, па се до Собранието.
Масовно, мирно и достоинствено да протестираме, народот да е последната брана против нечесната игра која ќе направи насилна бугаризација на народот и Македонија.
Да кажеме НЕ на Ултиматумот, стои во поканата за протестот.