Апасиев најави дека можно е утре да се потпише протоколот
Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во својата вчерашна изјава за „Инфомакс“, кажа дека можно е Владата утре да го потпише Протоколот. Тој најави дека уште од вечерва Левица ќе почне со радикализација на протестот.
Моите информации се дека во вторник тие ќе се обидат да го потпишат и потоа ќе се оди со двотретинско мнозинство по балкански методи. Албанските партии не ги рачунајте, тие сонуваат за една друга држава и нема тука лојалност. Остануваат уште 5-6 пратеници и ќе видиме дали ќе бидат купени. За разлика од Преспанскиот договор, сега имаме една компаративна предност. Ако се сеќавате, за Преспанскиот договор немаше вака река народ. Ако се обидат да го протнат со европско знаменце, тогаш ви гарантирам, барем Левица има двајца пратеници. Сцените што ги гледавме на Комисија за европски прашања ќе бидат мачкина кашлица во однос на тоа што ние ќе го правиме.
Мислам дека тие се уплашени од тоа и целосно ќе се обидат да го заобиколат Собранието.
Плус во однос на бугарското прашање, знаете дека има се уште живи луѓе кои учествувале во тоа. Нашите баби и дедовци кои ни раскажувале за тоа. Така што тука гневот е многу поголем.
Тригерот е постигнат веќе вчера, само се чека таков тригер во вторник! Тензијата треба да се држи перманентно, Левица ќе даде се од себе! Но ние не сме месии, секој човек треба да даде се од себе. Да оддели барем два часа во денот за овде. И да поставиме кампови овде, ќе мора да има смени. – изјави претседателот на Левица, Димитар Апасиев.