АктуелноЛокално

(Видео) СДСМ и ДУИ гласаа против зголемување на паричниот додаток за децата со попреченост

  • Соопштение на политичката партија Левица.

На денешната 69-та седница на Собранието на Република Македонија, на дневен ред беше предлогот за измени на Законот за заштита на децата, поднесен од пратениците на Левица по скратена постапка.

Овој предлог на Левица не доби поддршка од парламентарното мнозинство, составено од пратениците на СДСМ И ДУИ, кои гласаа против носење на овие измени на законот во скратена постапка.

„На 5-ти април имавме и протест на родителите на децата со попреченост, кои протестираа пред законодавниот дом. Нашиот предлог-закон предвидува сите додатоци кои родителите ги примаат да се зголемат за 100%.

Предлагаме менување и зголемуваме на:

1.Посебниот додаток од 5.021 ден го зголемуваме на 10.042 денари;

2.Посебниот додаток за самохран родител кој има дете со попреченост до 26 години од 7.531 се зголемува на 15.063 денари;

3.Пoсебниот додаток за материјално необезбедени родители, кои се корисници на гарантирана минимална помош за деца кои имаат попреченост до 26 години, од 6.276 ден се зголемува на 12.552 денари.” – истакна пратеникот од Левица, Борислав Крмов.

Иако се исполнети сите законски услови за носење на овие измени во скратена постапка, за жал, пратениците од СДСМ и ДУИ и овој пат немаа слух за проблемите, со кои се соочуваат родителите на децата со попреченост и гласаа против носење на измените по скратена постапка. Дополнително, пред само неколку месеци владејачката коалиција усвои измени на Законот за социјална заштита, со кој беспотребно се пролонгира и одолговлекува постапката за стекнување на права на лицата со попреченост.

Со 31 глас ЗА, 47 ПРОТИВ и 1 ВОЗДРЖАН овој предлог не беше изгласан во Собранието на РМ.