Развој на експресната железничка инфраструктура во Кина
- Фејсбук статус на Круме Богевски – член на ЦК на Левица
Погледнете го овој огромен развој на железничкиот транспорт во Кина во екстремно брз период!
Додека најекономичниот транспорт во Македонија стагнира и се соочува со голем број на инфраструктурни предизвици, Македонија субвенционира приватни авио компании.
Железничкиот транспорт е најеколошкиот начин на превоз и може да ги намали емисиите на штетни гасови за дури 75% додека се способни да транспортираат значајно поголеми волумени на стока!
Волуменот на стока која може да го влече модерна локомотива е речиси еквивалентен на 280 камиони.
Ете затоа Кина упорно вложува во инфраструктура и човечки ресурси кои ќе го забрзаат развојот на овој навистина ефективен транспорт, а Македонија одлива пари кон приватни авио компании и заостанува со стара инфраструктура и огромен недостаток на високостручен кадар кој би работел на развој на железничката инфраструктура!