Логан: во однос на Украина лажеме во епски размери
„Има толку многу дезинформации во однос на конфликтот во Украина што досега никогаш не сме виделе такво нешто – лажеме во епски размери“, предупреди познатата американска новинарка Лаура Логан, која е воен репортер повеќе од 35 години, на ТВ каналот „Вистински американски глас“ (real America’s voice).
Новинарката објаснува дека американските медиуми известуваат според систематски воспоставената премиса дека „Путин мора да се мрази, а Украина мора да се сака“ и дека измеѓу ова нема ништо друго. Состојба која таа ја спореди со ставот дека „или сте белец расист или јавате на наративот на демократите ‘за сè под сонцето’“.
Таа, понатаму во онлајн гостувањето на истата емисија објасни уште и како и зошто е точно тоа дека неонацистите дејствуваат во Украина. Лора подвлече уште и дека во Украина владее длабока корупција, нарекуваќи ја земјата „перална на пари“.