Левица Аеродром против очајните обиди на градоначалникот Муцунски да воведе зонско паркирање!
Реакција на Локалниот огранок на Левица во Аеродром
Алармираме за планот на ПР Градоначалникот Тимчо Муцунски и неговата намера да воведе зонско паркирање во повеќето населби во Општина Аеродром.
Во наративот кој го ”продава” се обидува да наметне мислење дека зонското паркирање е на барање и во интерес на граѓаните, но во реалноста тоа е само удар врз сиромашните и воведување на уште еден АРАЧ кој само дополнителен товар врз така “тенкиот” семеен буџет.
Низ годините аеродромци во околината на Бисер и Капитол веќе имаат зонско, но тоа не го решава реалниот проблем за дополнителни паркинг места. Нудиме решенија во поддршка за изградба на монтажни паркиралишта и катни гаражи, со обезбедување на паркиралишта, наплатата за истите ќе стане безпредметна.
Ние, од Левица, како идеолошка и класна партија, сме против узурпацијата и комерцијализацијата на јавниот простор и ќе се залагаме за бесплатно паркинг место за сите.