АктуелноИнтернационално

Со над 750 воени бази ширум светот, САД се најголема закана по меѓународната безбедност

Дејвид Вајд е професор на американскиот Универзитет во Вашингтон (ДЦ), неговите истражувања во најголем дел се насочени во областа на меѓународните односи и безбедност. Во една од своите анализи, тој  успел да состави јавно достапен список, кој содржи податоци за 750 американски бази, кои се наоѓаат на територии на 80 држави ширум светот.

Придржувајки се на конзервативната дефиниција на Пентагон, за тоа што точно се подразбира под поимот „воена база“ и следејќи ги нивните не потполни податоци, Вајд го открил податокот дека САД имаат повеќе од 430 големи бази (чија вредност по база  надминува 1 милион долари) и дополнителни 310 мали воени бази ширум светот.

Најголем број активни американски бази има во Јапонија, вкупно 120, во нив се распределени 53 илјади американски војници. Потоа  следува Германија со 119 бази, во кои има околу 33 илјади војници. И, на трето место е Јужна Кореа, таму има 73 бази во кои се наоѓаат повеќе од 26 илјади активни војници.

Според податоци објавени 2020 година, САД во овој момент имаат трајно распоредени повеќе од 200 илјади војници, низ териториите на 159 земји ширум светот.

Најголема прекуокеанска база е „Камп Хамфрис“, се наоѓа во Јужна Кореја на само 100 километри од границата со ДНР Кореја. Базата се простира на површина поголема од 1400 хектари, на кои се наоѓаат разновиднивоени објекти, но и места за одмор и рекреација на американските војници.

Вредноста на оваа база е 11 милијарди долари, според договорот 93% од средстватаЈужна Кореја е должна да ги плати.

Денес, во Европа се наоѓаат околу 60 илјади американски војници, најголем дел од нив се распределени на териториите на Германија, Италија и Велика Британија.