АктуелноЛокално

Јанков: Службен лаптоп или не, прашање е сега!

„Утре, на седница на Општина Центар, на дневен ред е точката за пренесување во сопственост на преносни таблети на членовите на Советот на Општина Центар-Скопје во период 2017-2021 година.

Пошто лаптопите им се дедовина на курентната администрација во Општина Центар, претпоставувам дека затоа така слободно ја раздаваат… АЛО, ДРЖАВНА СОПСТВЕНОСТ Е!

Барем еден денар од секој лаптоп, на секој советник поединечно е од џепот на секој од ~45.000 граѓани на општината. Можеби не звучи многу, тоа би биле 23 денари по глава на жител, сметано по број на советници. Но, тоа би значело 23 деца кои не можат да си купат, да добијат лаптоп, а и новите советници кои ќе дојдат сигурно нема да им се слоши ако добијат половен службен компјутер. Не е ова златен саат за одење во пензија! Домаќинско работење ќе да е непозната ствар, изгледа максимата е „има се, може се“…

Него, викаат „на муци се јунаци познају“, па да видиме сега советнициве колку се смотивно врзани со својот преносен компјутер… Но без разлика како ќе одлучат, со какво право Општината отуѓува државна сопственост? Кога ќе размислиме, што е еден лап топ, во споредба со неизградено земјиште во ДРЖАВНА сопственост?!“