Утре ќе се полага цвеќе во чест на протераните од Егејска Македонија: Во сеќавање на Денот на разделените
Делегација на здружението „Форум за човекови права на Македонците од егејскиот дел на Македонија – Скопје утре (четврток) со почеток во 10.00 часот ќе положи свежо цвеќе на Споменикот на децата бегалци – жртви од Граѓанската војна во Грција во Паркот „Жена Борец“ во центарот на Скопје.
Првата светска средба на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во далечната 1988 година му покажа на светот дека благодарение на Република Македонија можеме официјално да си ги побараме нашите човечки и национални права. Манифестацијата имаше хуманитарен карактер.
Спомен обележје со ликовна изведба на мајка страдалник со деца, беше свечено откриена на 1 јули 1988 година во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје пред неколку десетина илјади граѓани, деца бегалци и видни раководители од Република Македонија.
Бидејќи Македонците од егејскиот дел на Македонија беа разделени преку граници и мориња, го направија споменикот во Скопје за да ги оживеат годините детски и младешки, како и спомените кои ќе ги вратат дома крај родното огниште.
На полагањето цвеќе на Споменикот на децата бегалци ги покануваме сите кои и покрај новонастанатите услови на КОВИД 19 пандемија им дозволуваат здравствените можности да изразат почит на насилно протераните и жртви од Граѓанската војна во Грција.
Сите заинтересирани подетални информации можат да добијат на телефоните:
075/823-941 и 075/959-328.