АктуелноЛокално

Левица: Нови 300 станбени објекти во Бардовци благодарение на деталниот урбанистички план ”По мерка”

Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – ЛО Карпош:

”Порано годинава Левица – Карпош реагираше за скандалозниот процес кој треба да го претвори Бардовци во голема градежна зона. Се работи за земјиште од над 20 хектари кое е доделено на неколку приватни лица како обештетување за национализација на имот во минатото.

Сега на интернет страната на GreenLand Development се појави и планот за изградба на тој дел од Општина Карпош кој предвидува точно 300 станбени објекти. Со ова се потврдува сомнежот од претходно дека новите сопственици имаат за цел формирање на атрактивни парцели за нивна продажба.

Потсетуваме, она што само по себе е скандалозно во целата постапка е отстапувањето односно трампањето на дел од доделените парцели со парцели во сопственост на Република Македонија и Министерство за одбрана. При оваа постапка во целост е исклучен интересот на жителите на Бардовци. Така, со новоформираните парцели, а благодарение и на Деталниот урбанистички план изгласан од страна на советниците, се затвора досегашниот пристап на Бардовчани до нивните имоти кој го користат со децении.

Надлежните институции мора да одговорат на следните прашања кои се во интерес на јавноста, а особено на жителите на Бардовци.
1 – Кој дозволил пат да прерасне дел од приватни имоти?

2 – Зошто државата прифатила трампа на парцели, ако се знае дека со самата постапка се прави штета на другите жители?

3 – Како имотот кој бил во владение на Министерството за одбрана станал предмет на доделување на физички лица?

4 – Кој и зошто предложил обештетувањето за национализацијата да биде со атрактивни парцели во Бардовци?”


НОВИ 300 СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ ВО БАРДОВЦИ БЛАГОДАРЕНИЕ НА ДЕТАЛНИОТ УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН “ПО МЕРКА”❗️ Порано годинава Левица -…

Posted by Левица – Карпош on Wednesday, April 14, 2021