Ивана Ристевска: Од каде започнува промената?
Став на Ивана Ристевска – член на Црвена Младина.
Од каде започнува промената? Од каде да се започне? Тешки прашања, на кои секој млад човек би требало да има одговор. Одговорот е многу јасен. Од самите себе! Сакаме подобра иднина во нашата држава? Сакаме пософистициран, почист, поисполнет град? Град на кој ќе се гордееме и со задоволство ќе кажуваме дека ние сме избрале нашиот живот да го поминеме тука, каде што сме се родиле и каде што сакаме и нашите деца да се родат.
Ние, Младите, треба конечно да се освестиме и да ја превземеме судбината на нашиот град во сопствени раце, да се бориме овај град да добие се што заслужува. Сите треба да направиме избор, дали сакаме Битола да се врати меѓу водечките градови во Македонија и посилна или ќе ја оставиме да тоне се подлабоко во калта? Велат, најсилна држава е онаа каде младината е свесна за своите постапки и избори и за моќта на младиот неизвалкан дух што цврсто го држи во сопствените раце. Зошто да не го искористиме тој млад дух и таа наша сила и енергија и да дадеме придонес во промените, кои во иднина на нашите деца ќе им обезбедат нормален живот, без потребата да размислуваат како и каде би избегале од оваа држава, трчајќи по некоја си подобра иднина, која засега нашиот град не ја обезбедува.
Тргнете од самите себе, запрашајте се дали Битола заслужува толку години да тоне во мочуриштето кое последните 20 години и го сервираат.
Време е за нас, младите, сето тоа да го промениме.
Заедно, сплотени, против еден голем ураган што прави пустош во нашиот град со години.
Битола ќе ни биде благодарна за сета наша борба, бидете сигурни во тоа.
Разбудете се, станете! Немојте да потклекнувате пред сите оние кои ни го уништија градот. Дајте заедно да се воздигнеме и да се чуе гласот на Битола!
„Попрво би умрел стоејќи, отколку да живеам живот на колена.”
„Ако во тебе трепери огорченост од секоја неправда, тогаш ти си мој пријател.” -Ернесто Че Гевара
Од каде започнува промената? Од каде да се започне? Тешки прашања, на кои секој млад човек би требало да има одговор….
Posted by Црвена Младина – Битола on Saturday, 3 April 2021