АктуелноЛокалноСтав

Апасиев: Имаме индиции дека вештачки се делат државјанства

Лидерот на Левица и пратеникот – Димитар Апасиев, во своето гостување на „Само вистина” истакна дека партијата има индиции за засилено делење државјанства периодов, повикувајќи се и на изјавата на ДУИ дека се поделени над 15.000 државјанства. Тој дополна и дека Алијанса го блокира цел Парламент поради предлогот со тројца сведоци да се стекнува државјанство.

Има еден феномен кој е статистички воочлив, а тоа е дека секогаш кога е СДС на власт, се зголемуба бројот на издадени државјанства на албанското малцинство, и тоа за илјадници. Мојата теорија е дека СДС нема веќе капацитет за добивање на македонски гласови, бидејќи е анти-македонска и анти-државна партија. Нејзиниот плафон се овие 60 илјади кои гласаат за Заев, плус фамилијата, значи околу 200.000. Гласови можат да земат од Албанците, преку Тиранска платформа.

Така му земаа на ДУИ првите избори, околу 40.000 гласови. Индикативно е тоа што, во периодот од 1994 до 1998 година, кога се знаеше дека ВМРО ќе победи, ако го погледнете избирачкиот список, ќе видите дека во 1994 година има 1.360.000 гласачи, додека во 1998 во избирачкиот список се 1.570.000. Значи, над 200.000 мистериозно додадени луѓе во избирачкиот список.” – додаде Апасиев.