Левица: Министерката Шекеринска ладнокрвно се пофали со тоа што Македонија ќе се користи како база на САД и НАТО!
Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – Сектор за Надворешна Политика и Безбедност
„Додека најголема закана за животот на граѓаните е пандемијата, наместо снабдување вакцини кои ќе го заштитат здравјето и животот на граѓаните, власта не снабдува со вооружување. Јавноста која секојдневно ги критикува ваквите политики не може да го разбере ова НЕПРИФАТИЛИВО и ноншалантно однесување на владејачката гарнитура, која СЕ РАСФРЛА СО НАРОДНИ ПАРИ трошејќи над 210 милиони долари и притоа се однесува СОСЕМА ЛАДНОКРВНО, како гласот на народот воопшто и да не допира до нив.
Меѓу другото, ваквите одлуки будат сомневањето за постоење на евентуална опасност по безбедноста на нашата земја, Имено, по зачленувањето во воениот сојуз НАТО, Македонија очигледно почнува да се користи буквално како воена база на САД, што дефакто ја прави територија која може да се најде во состојба на арена за конфронтација на големите сили.
Гнасна пропаганда е лагата дека соработката со воениот сојуз НАТО значи безбедност на земјата или пак дека тоа ќе донесе било каков економски раст. Што впрочем може да се увиде токму од моменталната реалност во која здвствено, економски и политички се наоѓа државава. Дополнително, Македонија за нејзиното членството во НАТО секоја година плаќа приближно 1 милион долари чланарина, обврзувајќи се годишно за буџетот за одбрана да издвојува 2% од БДП, односно 11 милијарди денари (колку што тој изнесува оваа година).
Народот треба да знае дека НАТО пактот е империјалистички воен сојуз кој служи пред се на инетерсите на САД, кој воено интервенираќи по сите страни на светот, окупира туѓи земји се со цел да го шири пазарот на САД и неговите блиски сојузници, како и да го збогати воено-индустрискиот комплекс за да експлоатира природни ресурси од истите земји.”
МИНИСТЕРКАТА ШЕКЕРИНСКА ЛАДНОКРВНО СЕ ПОФАЛИ СО ТОА ШТО МАКЕДОНИЈА ЌЕ СЕ КОРИСТИ КАКО БАЗА НА САД и НАТО! Додека…
Posted by Левица – Сектор за Надворешна Политика и Безбедност on Thursday, March 25, 2021