60% од Македонците се за враќање на името по цена на НАТО и ЕУ

Date:

 Според истражување на МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет вижн на репрезентативен примерот од 1.200 испитаници, за враќање на името Република Македонија и по цена да го изгубиме членството во НАТО се 58,1 отсто од испитаниците и 58,7 отсто од нив го дале истиот одговор во однос на губење на можноста за членство во ЕУ. Оваа анкета покажала дека 60,5 отсто од граѓаните сметаат дека не вредела промената на името за влез во НАТО. 30,7 отсто одговорија дека овој потег на власта сепак вредел.

Во однос на зголеменото издвојување од БДП за воените трошоци според стандардите на НАТО (2%), дури 74,7 отсто од испитаниците велат дека тоа македонската економија не може да го поднесе.

Во однос на првата година од членството на Македонија во НАТО, дури 43,6 % од испитаниците сметаат дека немаме никаква придобивка од ова членство. Дека имаме придобивка во однос на надворешната безбедност и стабилност сметаат 15,1 отсто од испитаниците, дека сме добиле заштита и неповредливост на границите сметаат 9,8% од испитаниците, ама само 4,1 отсто од анкетираните граѓани одговориле дека сме добиле развој на економијата и влез на странски капитал. За тоа дека ова членство е предуслов за евроинтеграцијата се согласиле 3,6%.  

Целата анкета можете да ја проследите на овој линк.

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Мизар – Звукот на историјата ќе продолжи да резонира во 2025

Интервју со Пеце Китаноски, басист на легендарниот македонски рок...

Ацо Шопов – Еден век поетска величина

Денес се одбележуваат 101 година од раѓањето на Ацо...

Левица: Со 58 пратеника ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ и го повлече Законот за интонирање на химната

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на македонската химна...