АктуелноЛокално

Европски месец на креативноста во КИЦ

Во Културно-информативниот центар – Скопје од четврток 28.5 па се до 20.6.2025 ќе се одржи Европски месец на креативноста во чии рамки ќе се реализираат следниве настани:
„ТРИ ГОДИНИ ИГРА СО СВЕТЛИНАТА“
Изложба на Зрно фестивал за алтернативна фотографија
28.5.2025, КИЦ – Скопје, Продажен ликиовен салон, 20 ч.
На изложбата ќе бидат претставени фотографии изработени со мокар колодиум, цијанотипија, лумен принт, мордасаж, полароид манипулации, класична црнобела фотографија и експериментална црно бела фотографија.
„РАБОТИЛНИЦА ЗА ЦИЈАНОТИПИЈА“ – Зрно фестивал
Ментори – Сашо Алушевски и Петар Стојановски
30.5.2025, КИЦ – Скопје, Продажен ликовен салон, 11 ч.
Фестивалот ЗРНО, основан со визија за истражување на фотографијата како ракотворна уметност и поле за слободна експресија, низ годините стана значаен културен настан во Македонија и регионот. Фестивалот прерасна во платформа што негува учење, експериментирање и заедништво, при што аналогната, алтернативна фотографија и благородните фотографски процеси се третираат не само како занает и техника, туку како начин на размислување, на перцепција на светот и меѓучовечките односи.
„ГРАФИЧКА ИМАГИНАЦИЈА ВО СИТО ПЕЧАТ“
Изложба на графика
02.06.2025, КИЦ – Скопје, Изложбен салон Империјал 2, 20 ч.
Учесници: Илија Аџиевски, Родољуб Анастасов, Павле Кузмановски, Трајче Блажевски, Сергеј Андреевски, Дијана Томиќ Радевска, Горјан Ѓорѓиев, Фехим Хусковиќ, Денис Тенев и Атанас Ботев
„РАБОТИЛНИЦА ЗА СИТО ПЕЧАТ“
Ментори: Зоран Младеновски и Јован Атанасовски
4.6.2025, КИЦ – Скопје, Изложбен салон Империјал 2, 12ч.
Графичката имагинација во сито печат е изложба која промовира графичка техника која во модерното дигитално време полека паѓа во заборав. На изложбата се претставени значајни ликовни уметници од Македонија претставници на повеќе генерации кои оставија печат во промоцијата на совремета македонска ликовна уметност.
Настаните се во рамки на Европскиот проект Creart финансиран од Град Скопје