Настани

PyData Скопје организира предавање за имплементација на невронски мрежи

Љубителите на податоци, машинско учење и вештачка интелигенција, запишете го ова во календар: во среда, 28 мај, со почеток во 18 часот, PyData Скопје организира нов настан каде фокусот ќе биде поставен на длабокото учење и имплементацијата на невронски мрежи од нула.

Предавач ќе биде Јован Крајевски, кој преку детална и практична презентација ќе ја објасни “магијата” зад невронските мрежи – на разбирлив начин и за почетници и за поискусни професионалци.

Организаторите ветуваат опуштена атмосфера со пиво, добра дружба и – според најавите – одлично време. Настанот е одлична можност за запознавање и вмрежување со заедницата на податочни ентузијасти и инженери.

Регистрација и дополнителни информации се достапни преку линкот во биографијата на официјалниот PyData Скопје или на следниов линк.

Ве очекуваме на уште едно инспиративно PyData дружење!