АктуелноЛокално

(Видео) Михајловски: Зошто државата не вложува во одржливи решенија како што е изградба на модерна фабрика за рециклирање

Каде завршуваат милионските инвестиции и зошто државата не вложува во одржливи решенија – како што е изградбата на модерна фабрика за рециклирање?

Советникот и модератор на Левица – Штип, Ангеле Михајловски, преку јавно обраќање на социјалните мрежи ја критикува непродуктивната употреба на големите финансиски инвестиции, посочувајќи ја потребата од изградба на современа фабрика за рециклирање во источниот регион. Тој прашува зошто милијардата евра од т.н. „маџарска инвестиција“ не е искористена за решение кое долгорочно ќе придонесе за здравјето на граѓаните и за одржлив еколошки развој.

„Од таа Маџарската милијарда нели можеше да измислат, па да инвестираат и изградат една современа и модерна регионална фабрика за рециклирање на отпад?Цел источен регион ќе видеше благодет.Наместо да се пали штипската депонија и цел Штип да корне на чад, да се вложеше малку труд во кампања за промена на навиките на штипјани, па од отпадот да имаме и бенефити како што тоа е во цел цивилизиран свет.“

Од Левица – Штип веќе подолго време алармираат на неодговорноста на локалните власти во справувањето со отпадот, отсуството на селекција и рециклажа, како и штетите од редовното палење на депонијата. Михајловски со оваа објава упати јасна порака до институциите – наместо краткорочни „решенија“ и замајување на јавноста, потребна е стратешка и визионерска инвестиција што ќе значи почист воздух, нови зелени работни места и вистинска грижа за иднината на регионот.

Z P

Zvezdanka Pesikj