АктуелноЛокално

Културно Информативен Центар – Скопје објави Конкурс за проектот Cre Art

Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата објавува конкурс за проектот CRE ART. Право на учество имаат сите заинтересирани ликовни уметници и куратори.
Заинтересираните уметници да достават концепт за изложба, куса биографија и контакт информации. Воедно преку online сервис да испратат фотографии од делата планирани за изложбата. Материјалите да се испратат на likovna@kic.mk, со назнака „ЗА CRE ART“.
Конкурсот трае до 23.5.2025 до 12 часот.