АктуелноИнтернационално

Асанж облечен во гласот на мртвите – Имињата на 4.986 убиени деца на градите – „Стоп Израел“

Џулијан Асанж, основачот на Викиликс, неодамна се појави во јавноста носејќи кошула со испишани имиња на 4.986 палестински деца под 5-годишна возраст, кои загинале во израелските напади врз Појасот Газа. На задниот дел од кошулата стоеше порака: „Стоп Израел“, како директен повик за прекин на насилството.

Овој чин следи по неговото ослободување од британскиот затвор Белмарш, каде што помина повеќе од пет години. Асанж беше ослободен по постигнување на спогодба со американските власти, при што се изјасни за виновен по едно обвинение за заговор за добивање и објавување на доверливи информации.

Преку Викиликс, Асанж објави бројни документи кои откриваат воени злосторства и кршења на човековите права, вклучувајќи и тајни дипломатски извештаи кои покажуваат дека Израел ја третирал Газа како „непријателска ентитет“ и намерно ја одржувал економијата на работ на колапс.

Со својата последна јавна појава, Асанж повторно го насочи вниманието кон страдањето на палестинските деца и ја повика меѓународната заедница да преземе акција за прекин на насилството.

Z P

Zvezdanka Pesikj