Левица: Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ поврзана со функционер на ДПМНЕ
Политичката партија Левица денеска излезе со остро соопштение во кое ја обвинува владејачката партија ДПМНЕ за директна поврзаност со агенцијата за обезбедување „Рубикон“, која беше ангажирана за обезбедување на дискотеката каде се случи трагичен настан што го потресе македонското општество.
Според Левица, агенцијата „Рубикон“ е регистрирана на иста адреса — ул. „Христо Татарчев“ бр. 79 во скопската населба Кисела Вода — со Центарот за безбедносни истражувања, чие раководење го врши Александар Нацев, истакнат член на ДПМНЕ и поранешен директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за време на владеењето на Никола Груевски.
Дополнително, Левица посочува дека формален сопственик на агенцијата „Рубикон“ е Јане Јанчески, кој истовремено е и заменик-директор токму во центарот што го води Нацев. Партијата укажува дека оваа институционална и формална испреплетеност претставува сериозен показател за постоење на партиски параван во делувањето на агенцијата.
„Станува сè појасно дека веднаш откако ВМРО-ДПМНЕ презеде контрола во неколку општини, агенцијата ‘Рубикон’ почна да добива тендери за обезбедување во училишта раководени од директори блиски до партијата,“ се вели во соопштението на Левица.
Левица потсетува и на претходни случаи со агенции за обезбедување поврзани со ДПМНЕ, како што беше контроверзната „СГС“ на Сашо Мијалков, и прашува зошто и по два месеца од трагедијата, институциите и премиерот Христијан Мицкоски не ја признаваат поврзаноста на Нацев со „Рубикон“.
„Мицкоски ветуваше оставка ако се докаже партиска поврзаност. Дали е доволно што агенцијата за обезбедување дели иста адреса со институција што ја раководи негов поранешен функционер? Или што сопственикот на агенцијата е воедно и заменик-директор во таа институција?“ – прашува Левица.
Партијата бара итно расветлување на сите околности и повикува на одговорност за, како што велат, прикриената партизација на безбедносниот сектор.
Целото соопштение во продолжение: