АктуелноЛокално

(Видео) Левица од Ѓорче Петров: Хаварисани и напуштени возила го блокираат паркирањето во општината – Стојкоски мува не го лази

Во општина Ѓорче Петров, жителите се соочуваат со сè поголем проблем со недостатокот на слободни паркинг места, а ситуацијата драстично се влошува поради присуството на хаварисани и напуштени возила кои со месеци, па дури и со години, го заземаат јавниот простор.

Локалниот огранок на партијата Левица предупредува дека општината не презема никакви конкретни мерки за справување со овој проблем, дозволувајќи со тоа, како што велат, „узурпација на и онака дефицитарниот паркинг простор“.

„Во Ѓорче Петров веќе е речиси невозможно да се најде слободно паркинг место. Голем број хаварисани и напуштени возила остануваат на истите позиции со месеци и години, без никаква реакција од надлежните служби“, се вели во соопштението на Левица.

Партијата бара од општинските власти итна акција – идентификација, отстранување и санкционирање на сопствениците на запуштените возила, со цел ослободување на јавниот простор и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

Проблемот со паркинг просторот во Ѓорче Петров е дел од поширокиот урбанистички хаос што го засега овој дел од Скопје, велат од Левица, и додаваат дека молкот на локалната самоуправа само ја продлабочува кризата.

Целото соопштение со видеото од Локалниот огранок во продолжение: