АктуелноЛокално

(Видео) Протест на оризопроизводителите од кочанскиот регион: Бараат оставка од Трипуновски и итна средба со премиерот

Земјоделците од кочанскиот регион денеска организираа протест поради сериозните проблеми со оризопроизводството. Производителите, кои се соочуваат со големи загуби, ги изразија своите незадоволства и бараат оставка од министерот за земјоделство, Љупчо Трипуновски, кој според нив не ги решава проблемите на земјоделците.

„Оризопроизводителите во овој регион ги бројат загубите во илјадници евра. Ситуацијата е крајно сериозна и нема некоја помош од надлежните институции. Неопходна е итна реакција“, изјавија претставници на земјоделците кои протестираа.

Протестот беше организиран како повик за итни промени во земјоделската политика и унапредување на состојбата во оризопроизводството, кое е основен сектор во овој регион. Земјоделците апелираа до премиерот да организира средба со нив, за да ги презентираат своите проблеми и барања.

„Апелираме до премиерот да се сретне со нас и да ги слушне нашите проблеми. Овој сектор се соочува со сериозни тешкотии и ако не се преземат мерки, штетите ќе продолжат да растат“, додадаа земјоделците.

Оризопроизводителите бараат посериозни политики и поддршка за да ја стабилизираат оваа земјоделска гранка, која е во голема криза.

Целото видео од протестот во продолжение: