Професорката Билјана Ванковска ќе биде говорник на настанот по повод 80-години од победата во Големата Татковинска војна во клубот Валдаи
На 6 мај, клубот Валдаи ќе го претстави новиот Валдаи Папер, насловен „Бесмртните писма на победата“, посветен на 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз во Големата Татковинска војна. Овој документ содржи досега необјавени писма од војниците, фронтовски кореспонденции со поштени марки и воени дневници, кои потекнуваат од приватна меморијална колекција на ракописни материјали од Втората светска војна. Колекцијата е собрана во Русија и во странство од страна на Тамара Шашихина, директор на Институтот за евразиски студии при универзитетот МГИМО.
На настанот, кој ќе се одржи на 6 мај во 12:00 часот по московско време, ќе се дебатира за тоа како се развива историското паметење во контекст на денешните глобални тензији, дали може да се постигне заедничко разбирање за наследството на Втората светска војна и како да се зачува клучната улога на СССР во победата над фашизмот во денешното медиумско опкружување. Ќе се разговара и за алатките и платформите кои ефективно можат да го зачуваат ова наследство.
Еден од главните говорници на настанот ќе биде и професорката Билјана Ванковска, член на Управниот одбор на Транснационалната фондација за мир и истражување на иднината од Лунд, Шведска. Ванковска ќе учествува во дискусијата за важноста на меморијата на Втората светска војна и како таа може да биде заштитена од современите предизвици.
Други говорници на настанот ќе бидат:
- Тамара Шашихина, директор на Институтот за евразиски студии при универзитетот МГИМО (ко-автор на документот)
- Рин Мулерсон, претседател на Институтот за меѓународно право во Женева (2013–2015) (Естонија)
- Станислав Ковпак, главен советник на Одделот за мултилатерална соработка за човекови права при Министерството за надворешни работи на Русија, поранешен претставник на Министерството за правда на Русија во Советот на Европа
- Игор Пермиаков, директор на Рускиот државен архив за современа историја (РДАСИ)
Настанот ќе го модерира Олег Барабанов, програмски директор на клубот Валдаи и ко-автор на Валдаи Папер.
Извор: Валдаи Клуб