АктуелноЛокално

(Видео) Исмаил: Тошковски не поднесува оставка затоа што се плаши да признае вина

На вчерашната собраниска седница, пратеникот и потпретседателот на Левица м-р Реџеп Исмаил, истакна дека токму во време на министерот Тошковски се има реновирано шталата од дискотека во Кочани. Исмаил појасни дека во време на Тошковски е добиена и фалсификуваната дозвола.

,,Претходно, додека он министерува, има стотици забави во таа дискотека и никаде ја нема полицијата да констатира дека тоа е небезбеден објект, дека противправно работи и дека таму се служи алкохол на малолетници и се дила дрога. Ова се доволни причини за да поднесете морална оставка. Во Македонија функционерите не поднесуваат оставки, затоа што се плашат дека тоа ќе биде признание на вина. И верувам лично дека од тоа се плаши и министерот Тошковски”.

,,Во неговата одбрана, Тошковски спомна дека МВР не е одговорна дури ни за пиротехниката. Господине Панче Тошковски, пиротехника ви се продава на секој чекор! Има од билтените на МВР над двесте сообраќајни прекршоци на ден. Скоро секоја недела има тешко повредени во сообраќајни несреќи. Секојдневно има кражби од кои полицијата се амнестира… Пред некој ден имаше полициска пресметка близу полициската станица Битпазар, каде што се имаа употребено над 60 истрели”.

Z P

Zvezdanka Pesikj