АктуелноЛокално

Изложба на дела од турски ликовни уметници денес во Кавадарци

Дела од турски ликовни уметници вечерва ќе бидат изложени на изложба во Кавадарци,во Домот на културата „Иван Мазов – Климе”.

– Во 19:30 часот, во галеријата при Домот на културата, ќе биде отворено третото издание на изложбата „Уметноста е мост за поврзување на народите“, на која со сегашните 34 учесници – познати ликовни уметници од Турција, се заокружува циклусот „100 години од основањето на Република Турција – 100 турски сликари во Македонија“. Изложбата е во организација на Дом на култура во соработка со турските ликовни уметници. Куратори на изложбата се Ајнур Махмудова Каплан и Марина Убавкова, соопштија од Домот на културата.

Оттаму најавија дека ликовните уметници од Турција и самите ќе присуствуваат на изложбата.