Дилерот од Битола кој беше „помпезно“ уапсен објавува сториња на Широк Сокак
Фејсбук страницата „Трета опција“ сподели скриншот од објава на претходно приведениот битолчанец за неовластена трговија со дрога. Кратко по приведуваеето лицето било пуштено на слобода, а на неговите социјални мрежи можат да се забележат фотографии со функционери на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
„Дилерот во Битола кој беше помпезно уапсен пред некој ден лабаво си става сториња од Широк сокак. Нормално кога бил вмровец, сликан со пола раководство на ДПМНЕ. Ама тресе Панче“ – стои во објавата на Фејсбук.
Дали Министерот за внатрешни работи ќе објасни како осомничен дилер се шета слободно? – Или можеби доволна му беше една слика со партиски функционер за да стане недопирлив?