Локално

Член на ВМРО-ДПМНЕ вработен во „Водовод“ Битола уапсен за дрога

Вработен во ЈКП „Водовод“ Битола, којшто е член на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, пред неколку дена апелирал МВР да се справи со дрогата во градот, за подоцна да биде приведен поради „дилање на дрога“. На социјалните мрежи тој апелирал полицијата да се справи со нелегалната трговија со дрога, која како што вели тој ја тргувале полициски службеници и уапатил честитки за работата на Панче Тошковски.

Како што можете да забележите на фотографијата, приведениот е заедно со актуелниот пратеник, а поранешен директор на Водовод, Пеце Милески. Фотографија секако има и со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски. Веднаш до приведениот е градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, а до градоначалникот е пратеничката Олга Лозаноска. Но секако, уапсениот дилер имал фотографија и со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.

Приведениот се шетал и по штабови на ВМРО-ДПМНЕ, а на фотографијата се гледа и поранешната пратеничка Силвана Ангелевска, инаку рекордер во патни трошоци.

A S

Aleksandar Simonov