Културно Информативен Центар – Скопје објави конкурс за литературна дејност 2025
ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за литературна дејност, објави конкурс за организирањe литературни вечери под програмски наслов „Македонски книжевни текови“, под кои спаѓаат промоции на книги (новосоздадени книги во 2025 година), поетски читања, организирање на трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и сл., што ќе се реализираат во текот на 2025 година, a сo цел развој и афирмација на литературата и издавачката дејност во Република Македонија.
Право на учество имаат сите заинтересирани писатели, поети, издавачи, поединци или групи. Заинтересираните на ЕДЕН ворд документ да достават сосема кус концепт за проектот, куса биографија и контакт информации. Апликацијата да се достави на e-mail-от literaturna@kic.mk, а конкурсот трае до 24 април 2025 година.
Селекцијата на проектите ќе го изврши комисија составена од членови на ЈУ КИЦ – Скопје и Град Скопје. Средствата за проектите се обезбедени од Град Скопје.