Рускиот центар од Скопје потсетува: Денес се одбележуваат 79 години од почетокот на Берлинската офанзива
Рускиот центар од Скопје денеска потсети на почетокот на една од најзначајните воени операции во историјата – Берлинската офанзива на Црвената армија, која започна на 16 април 1945 година и претставуваше последната голема офанзива во Втората светска војна на европско тло.
Во објавата се наведува дека советските сили, предводени од маршалите Жуков, Конев и Рокосовски, во операцијата учествувале со околу два милиони војници, со целосна поддршка од авијацијата и флота. Против себе ги имале силно утврдените германски одбранбени линии и околу 800.000 германски војници.
Офанзивата кулминирала со опколувањето на Берлин, интензивни улични борби и подигнувањето на црвеното знаме над Рајхстагот на 1 мај. Само еден ден подоцна, на 2 мај, германските сили во Берлин капитулирале.
Центарот ја истакна и огромната жртва што ја поднела Црвената армија – над 80.000 загинати војници, додека загубите на германската страна се проценуваат на околу 100.000 загинати и речиси половина милион заробени.
Берлинската офанзива ја означи дефинитивната воена победа над нацистичка Германија, а Рускиот центар со ова потсетување оддаде почит на паднатите борци и значењето на победата над фашизмот.
Целата нивна објава на Фејсбук во продолжение: