АктуелноЛокално

Левица Гевгелија: „ЈПКД Комуналец“ во потенцијален финансиски ризик – над 50% од приходите одат за плати

Локалниот огранок на Левица од Гевгелија алармира за загрижувачка финансиска состојба во ЈПКД „Комуналец“, која била тема на последната 61-ва седница на Советот на општина Гевгелија. Според партијата, трошоците за плати и останати надоместоци за вработени веќе надминуваат 50% од вкупните приходи на претпријатието – граница која укажува на сериозен ризик за финансиската стабилност.

Советникот од Левица, Петров, истакнал дека јавните претпријатија, доколку сакаат долгорочна одржливост и способност за инвестиции, не смеат да надминуваат 50% од приходите за плати. И покрај тоа, „Комуналец“ веќе ја надминал оваа граница, што, како што посочува Петров, го доведува во прашање неговото идно функционирање.

„Овој тренд може да резултира со зголемување на цените на водоводните услуги – нешто што никако не смее да се дозволи. Наместо тоа, решението треба да се бара во зголемување на продуктивноста на претпријатието“, изјави Петров.

Дополнително, Левица укажува на алармантно ниска продуктивност кај градежната група на „Комуналец“, која за цела година остварила приход од само 7.251 денар. Според соопштението, овој податок е особено проблематичен имајќи предвид дека Општината доделува милионски тендери на приватни фирми за одржување улици и тротоари, иако овие работи би можело да ги извршува токму „Комуналец“.

„Се поставува логичното прашање – зошто градоначалникот го иззема јавното општинско претпријатие од дејности од јавен интерес, за кои е и основано, и истите ги пренесува на приватни фирми?“, прашуваат од Левица, посочувајќи дека таквата пракса го ослабува јавното претпријатие и ги пренасочува јавните средства кон приватен интерес.

Партијата повика на ревизија на практиките и посветеност кон јакнење на јавниот сектор во општината.

Целото соопштение на Локалниот огранок на Левица од Гевгелија во продолжение: