АктуелноЛокално

Црвена Младина: Потребна е стратегија за младите во земјоделието – не предизборен поткуп

Младинската организација на Левица – Црвена Младина – реагира на најновата владина мерка за доделување до 10.000 евра еднократна помош за млади земјоделци, нарекувајќи ја „предизборен поткуп“ и „маркетиншки потег без суштина“.

Во своето соопштение, тие нагласуваат дека ваквите грантови немаат реална сила да предизвикаат трајни промени во аграрниот сектор, кој со години се соочува со длабоки структурни проблеми.

„Земјоделството не се спасува со еднократни грантови и бирократски процедури, туку со системска поддршка, долгорочна стратегија и колективна организација“, стои во соопштението на Црвена Младина.

Младите ја напуштаат руралната средина, не поради недостаток на почетен капитал, туку поради, како што наведуваат, „недостиг на гарантиран откуп, сигурни цени, јавни откупни системи, достапна механизација, здружување и инфраструктура“. За нив, ваквите владини мерки се само „политички фластери“ кои траат колку еден изборен циклус.

Црвена Младина повикува на целосно преуредување на руралната економија преку силна јавна интервенција, здружување на земјоделците во заеднички системи за производство и пласман, и јасна стратегија за модернизација.

„Без систем – нема земјоделие. Без рурална економија – нема иднина“, порачуваат од подмладокот на Левица, кој апелира за длабоки и долгорочни решенија, наместо ад-хок мерки со предизборен призвук.

Целото нивно соопштение во продолжение: